СДСМ најостро го осудува упадот во просториите на редакцијата на порталот „Плусинфо“: Груевски е толку нервозен што почна да праќа битанги да упаѓаат по портали и да одземаат компјутери!

0
1061

sdsm640nasa

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува упадот во просториите на редакцијата на порталот „Плусинфо“.

Овој кукавички чин, да се влезе во простории на медиум и да се изврши кражба на компјутери и фотографска опрема, како што извести порталот Плусинфо е тежок скандал што само покажува до кој степен е урнисана демократијата и е загрозена слободата и слободната мисла во Република Македонија.

Сериозниот инцидент што се случи во еден од малкуте критички медиуми во земјава, ја покажува огромната нервоза Никола Груевски и неговите соработници кои се соочени со вистината за сопственото криминално владеење и извесното заминување од политичката сцена.

Одговорност за упадот во медиумот мора да има, од нарачателите до извршителите. Потсетуваме на обврската на чесните професионалци во МВР за брза и транспарентна истрага.