СДСМ: Навредите и фото-монтажите на медиумските курири нема да го спасат Груевски

0
1082

Медиумските курири продолжуваат да шират невистини и тераат пропаганда платена со пари на граѓаните. Стравот на Никола Груевски од вистината и враќањето на правдата медиумските курири се обидуваат да го покријат со навреди кон граѓаните кои протестираат, со скандалозни фото-монтажи, споредувајќи ги граѓаните кои се борат за слобода со терористички организации, велат од СДСМ.

„Ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите, монтажите и измислиците на медиумските курири. Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија. СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија. Уште еднаш се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината“, велат од СДСМ.

Партијата додава дека Курир, „Република“ и Радио слободна Македонија се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра и затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.