СДСМ му одговори на Мицко за обвинувањата кон Заев : Мицкоски лаже, во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството Заев

0
1025

Мицкоски е во безидејност и во агонија па измислува непостоечки случаи и лажни вести.

Случајот за коjшто зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста.

Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто денеска лажно наведуваше Мицковски.

Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста.

Личните фрустрации на Мицкоски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ и нејзините одлични резултати за краток период, наспроти криминалното вледеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ дојдоа до израз.

Впрочем, самиот Мицкоски се уште не одговорил на јавноста за договорите од 10.5 милиони евра склучени во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, корупција, неместени тендери.Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба прво да си расчити со криминалот во своите редови а не да измислува таму каде што не постои.