СДСМ: Милошоски да глуми патриот пред партнерот Груби

0
959

Соопштение на СДСМ:

Пред да глуми голем патриот, Антонио Милошоски да си го праша коалицискиот партнер Артан Груби за неговите тврдења дека УЧК ја водела Владата, Собранието, општините и државата.

Со овие тврдења, Груби ја закопа лагата на Груевски и Милошоски за некаква федерализација.

Милшоски е човекот за кого од проектот „Вистината за Македонија“ слушнавме како се пазарел за името. „Горна, долна, со загради, без загради…“, така Милошоски, Груевски и Мијалков договарале што да му пренесат на партнерот од Грција.

Лажниот патриотизам нема да ги спаси ниту Милошоски, ниту Груевски. Сите граѓани на Македонија на 11 декември ќе испорачаат порака за живот во Македонија