СДСМ: МВР се подлабоко се заплеткува и станува соучесник во криминалот на Мијалков

0
972

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушкување, се подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, стои во денешното соопштение од СДСМ.

sdsm640nasa

„Сашо Мијалков, од позиција на Директор на УБК, и Никола Груевски мораат да и одговроат на јавноста во Република Македонија:

Каква е таа наводна донација што се реализира преку приватна фирма во Македонија?

Од објавените разговори, чија веродостојност ја потврдија Сашо Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, се докажува дека Мијалков ја избрал банката во Будимпешта, преку која се извршени трансферите на средства. Зошто наводната донација е уплаќана на сметки на странски банки во странски држави?

Каква е таа наводна странска донација што не е пријавена во Секретаријатот за европски прашања?

Каква е таа донација во којашто се договара давање пари во кеш?

Заканите, со кривично гонење за наводно оддавање државна тајна уште еднаш ја потврдуваат целосната контрола и злоупотреба на правосудните органи од страна на фамилијата на власт.

Ниту една закана од страна на Груевски, Мијалков и нивните блиски соработници вмешани во страотни криминални и корупциски скандали нема да го спречат објавувањето на доказите и аргументите за „Вистината за Македонија“, велат од СДСМ.