СДСМ: МВР не дава прецизни информации за сообраќајката во која учествуваше Урко

0
1654

Ужасен е инцидентот во кој поранешниот главен телохранител на Никола Груевски прегази 22 годишно момче, кое според информациите, е во исклучително тешка здравствена состојба, реагираат денеска од СДСМ.

Од таму велат дека ова е уште еден многу сериозен и трагичен доказ на кого се во полицијата му биле давани раководни позиции и до каде тие луѓе ги опијанила виртуелната реалност дека сè им е дозволено.

„Слушнавме и од „Вистината за Македонија“ како под раководство на истиот тој поранешен шеф на обезбедувањето на Груевски, со денови се молчело за деталите за убиството на Мартин Нешкоски на плоштадот Македонија.  И за тешкиот инцидент по полноќ, иако Јанкулоска и Мијалков не се во МВР и УБК, МВРО раководено од наследникот Чавков, како што може да се прочита, не дава прецизни информации на јавноста, што упатува на тоа дека има обид нешто да се скрие.  Очигледно многу работа ја чека оваа држава и нас граѓаните да ги поставиме моралните и професионалните стандарди каде што им е местото“, се наведува во соопштението.