СДСМ: Мандатот на СЈО ќе биде продолжен, a Груевски ќе се соочи со правдата

0
2184

Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата и дека „за сите злодела врз граѓаните ќе има одговорност”, стои во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Правдата е дел од започнатите демократски процеси во Македонија. Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во монтирање политички судски процеси. Фатен е во лаги на граѓаните за жолти комбиња, клонирани станици и наводни странски служби. Фатен е во скандалот со нелегалното прислушување, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков”, се вели во реакцијата.

Оттаму велат дека ќе се реализираат сите реформи нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

„Судството ќе биде независно. Мандатот на СЈО ќе биде продолжен. Заврши времето за политичари како Груевски”, нагласуваат од СДСМ.