СДСМ: Лагите и медиумските хајки што куририте ги водат против СЈО нема да го спасат Груевски од одговорност

0
992

Лагите и манипулациите на медиумските курири не можат да ги покријат поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори. Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак, реагира СДСМ.

„Затоа 1,7 милиони евра, пари на граѓаните, завршиле во провладиниот мегафон за само четири години.

Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите и медиумските хајки што куририте ги водат против независната институција Специјално јавно обвинителство. Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории. Оттука, непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и загарнтирана. Затоа, приоритет за Уставниот суд треба да биде потврда на уставноста на Законот за СЈО. Граѓаните мора да бидат сигурни дека законите важат за сите подеднакво. Едно е јасно, правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара. Нема спас за Никола Груевски и неговото друштво“, се вели во партиското соопштение.