СДСМ: „Курир“ се уште крие од јавноста на кој начин остварува милионски приходи

0
1039

Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на „Курир“ за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра. Додека граѓаните крпат крај со крај и секојдневно ја напуштаат државата заради лошите, криминални политики на ВМРО ДПМНЕ, „Курир“ се полни со милиони евра, реагира СДСМ.

„Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто целосно се ставени во заштита на криминалот на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните. Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија. СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани. Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата и слободата на медиумите. Нема спас за Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во реакцијата.