СДСМ: Куририте молчат за „секташите“ од ВМРО-ДПМНЕ, како што ги прогласи самиот Груевски

0
1058

Соопштение на СДСМ:

Лагите, измислиците и пропагандата на Груевски се секојдневие на медиумските курири.

Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ, платена со пари на граѓаните е со единствена цел, да ги сокрие криминалите на Никола Груевски.

Куририте водеа и се уште водат, смислена медимска хајка против различни невладини организации, поединци, професори, новинари и здруженија на граѓани само затоа што гласно зборуваат против криминалната власт.

Но, откако вистината проби во јавноста молк кај медумските курири. Молчат за тоа дека Никола Груевски за „секташи“, според неговите дефиници и сваќања, ги прогласи и Илија Димовски, Антонио Милошоски, Ратко Димитровски и многу други блиски до криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и лицето Горѓе Иванов, кој ја спроведе нарачата аболиција за него и неговите соработници Груевски го прогласи за “секташ”.

За три години, “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски и се најголеми промотори на лагите и манипулациите на врвот на ВМРО ДПМНЕ.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара.