СДСМ: Колкав е стравот кај Груевски покажуваат нарачаните лажни анкети

0
905

„Колкав е стравот кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат нарачаните, лажни анкети на нивниот партиски институт „Павел Шатев“ којшто глуми дека спроведува некакво јавно истражување.

Преку изборни грабежи, закани, уцени, злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта.

Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за изборниот грабеж.

Не само што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе парите на граѓаните, го краделе и нивниот глас.

Груевски се плаши од реалноста и од соочување со одговорноста.

Ниту една измислена анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години.

Оттука е паниката кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ којашто не можат да ја сокријат со ниедна нарачана, измислена анкета“, се вели во соопштението на СДСМ.