СДСМ и опозицијата треба да ветат

0
970

dame-crnobela

(предлог до СДСМ напишан во 5 минути доколку сакаат да победат на избори)

1. Здравството ќе го направи бесплатно како во Англиа, Франција и СФРЈ

2. Дека за 1-3 месец по доаѓање на власт ќе го реши спорот со Грција

3. Дека ќе се испита целиот имот на сите политичари и нивните најблиски но и дека на сите граѓани чие богатство има сомнително потекло и дека ќе им се одземе имотот 75% од бесправно стекнатото

4. Дека за 4 години владеење ќе даде 800.000 евра кредити за отпочнување на мали бизниси или 200.000.000 евра годишно, транспарентно за квалитетни проекти без партиски замешувања.

5. Дека ќе ја направи инфраструктурата во Македонија без кал и дека ќе ги направи автопатиштата по коридор 10 и 8

6. Дека во Скопје и поголемите градски средини ќе засадат по 10.000.000 садници дрва и дека бесплатно ќе се делат садници за заинтересираните граѓани во период од 4 години со проект за промена на климата во градските средини

7. Дека ќе ги ослободат медиумите, ќе ги укинат драконските казни и ќе ги намалат за 75% , дека ќе отпишат 50% од долговите на граѓаните и дека ќе го укинат законот за извршна постапка како и дека ќе го донесат во прифатливи рамки, дека ќе ги отпишат сите долгови на гарѓаните кон јавните претпријатија и буџетот направени до периодот 1.01.2016-та.

8. Дека ќе направат реформи во администрацијата, а за таа намена ќе издвојат 500.000.000 евра

9. Дека ќе го дуплираат производството на храна, млеко и месо и ќе инвестираат во преработувачката индустрија со купување на акции во риватни фирми од страна на македонската банка за развој

10. Ќе ги копираат во целост (онаму каде е можно), законските решенија на скандинавските земји и Холандија, а нема да прават сопствени законски решенија.


Даме Чкатроски