СДСМ излегува од коалицијата Граѓани за Македонија, ќе се подготвува за избори

0
1055

СДСМ излегува од коалицијата Граѓани за Македонија, потврдиле неофицијално партиски извори за „Вест“.

Веста, официјално, денеска ќе ја соопшти лидерот Зоран Заев при посетата на Струга. Неофицијално, СДСМ се подготвува за избори со своја програма, а коалицијата сама ќе го продолжи отпорот против власта.
„Ние влегуваме во парламентот и затоа секој ќе оди по својот пат“, велат од СДСМ.

Коалицијата Граѓани за Македонија обединува 70 невладини организации и 15 партии, а заедно настапија на граѓанскиот протестен митинг на 17 мај.

Заев во изјава за Либертас ја потврди информацијата и додаде дека ваков бил планот уште при формирањето на коалицијата. Како што вели тој, соработката со граѓанските здруженија ќе продолжи, но СДСМ се враќа во Собранието и влегува во предизборната трка, па така, логично е да прекине формалното коалицирање.