СДСМ: Избирачкиот список потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски организирале криминални избори, преку корупција, фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции

0
969

„Веб апликацијата на Државната изборна комисија, за граѓанска контрола на Избирачкиот список, покажа колку е неопходно навремено и темелно прочистување на избирачкиот список.

Maksim-Gorki-11

Се потврдува она што СДСМ го говори цело време.

Само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат по 60, па дури и повеќе лица.

Maksim-Gorki-11-2

На една адреса во Скопје се запишани 66 лица.

На една адреса во Ресен се запишани 34, а на друга 24 лица.

Maksim-Gorki-3

Уште еднаш се потврди она што го покажа Вистината за Македонија, дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски организирале криминални избори, преку корупција, фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции.Maksim-Gorki-11-4

Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори. Без прочистен Избирачки список нема фер и демократски избори.

Ресен-11-Септември“-бр.-951

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Граѓаните се тие коишто ќе одлучуваат за иднината на својата земја на фер избори.

Ресен-11-Септември“-бр.-95

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.