СДСМ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО БЕСА : Не се договоривме со БЕСА но ги оставаме отворени вратите на соработка за поддршка на новата влада во парламентот

0
1297

Соопштение за јавност

Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор.

Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја.