СДСМ: Екстерното ќе го укинеме, за насилието врз граѓаните ќе има одговорност!

0
930

„Над 612.000 граѓани во Македонија гласаа за промени. Мнозинството граѓани во Македонија кажаа дека се против екстерното тестирање, кое што не донесе ништо добро на образованието, освен што ги трауматизира учениците и прави притисоци врз наставниците, професорите и родителите.

Непочитувањето на ставот на мнизинството граѓани од страна на власта во заминување, којашто и во јануари ќе спроведува екстерно, само да го задоволи сопствениот хир, е класично насилие врз волјата на граѓаните.

Како што ветивме во Планот за живот, екстерното тестирање ќе го укинеме на првата владина седница.

За тоа е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

За сите штетни последици врз учениците, наставниците и професорите и родителите ќе има одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.