ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА ЗА СЕКОЈ – СИТЕ МАЖИ НАД 64 ГОДИНИ И СИТЕ ЖЕНИ НАД 62 ГОДИНИ КОИ НЕ ИСПОЛНИЛЕ УСЛОВИ ЗА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА ЌЕ ДОБИВААТ СТАРОСНА ПЕНЗИЈА

0
2657

Со оваа мерка од Планот за живот сакаме да ја измениме сегашната ситуација на гладни или и болни луѓе во возрасни години, кои немаат финансиска можност сами да се грижат за себе, затоа што не ги исполниле условите за пензија.

Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија.

Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија.

Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија, се вели во соопштенито на СДСМ.

Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост.drzavna-penzija-za-site