СДСМ: Денеска се отпуштени 30 работници од „Веибо“ во Крива Паланка

0
976

СДСМ Крива Паланка бара инспекторските служби да се појават во фабриката „Веибо“ и да им помогнат на вработените во погонот.

Оттаму велат дека во гласно најавуваната инвестиција „Веибо“ во Крива Паланка денеска се отпуштени 30 вработени. Работниците во претходните 15 дена се жалеа дека работат прекувремено по 10 часа на ден, се трпат тортури, има нечовечки и некоректен однос и дека претпоставените не ги почитуваат основните човекови и работнички права, реагира СДСМ Крива Паланка.

„Државниот инспекторат, како и обично не реагира при кршење на работнички права од страна на наводните странски инвеститори коишто си заминуваат од државата. Во име на работничките права по којзнае кој пат бараме инспекторските служби да се појават на терен и да им помогнат и на оние вработени коишто се внатре во погонот, бидејќи ова веќе не се издржува. Доста беше злоупотреба на работници на сметка на богатење на поединци“, се наведува во реакцијата на СДСМ Крива Паланка.

Оттаму порачуваат дека по демократските промени, СДСМ ќе им гарантира на сите работници почитување на нивните работнички и човекови права и ќе го врати достоинството на секој работник.