СДСМ: Дека тоа што го зборуваше опозицијата е вистина, се потврди со посетата на Заев во Израел

0
822

sdsm640nasa

Разбирлива е нервозата кај Груевски од официјалната посета на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Израел, каде што беше пречекан на највисоко државно и владино ниво, реагираат од СДСМ.

„Оттаму се нарачаните манипулации околу разговараното на остварените средби. Многу прецизна е изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од Израел. Израел, како и многу други земји, донациите ги дава, пред сè, во знаење и во опрема. Финансиските донации не се познати за Израел, што значи само уште еднаш се потврдува провизијата. Финансиите што легнуваат на сметка се апсолутно надвор од секаков вид законито работење на поединци од Република Македонија. Тоа, само по себе, потврдува дека она што опозицијата го зборуваше во делот на споделувањето на аргументите во проектот „Вистината за Македонија“ е така. Тие што не сакаат да разберат, ќе дојде момент кога ќе разберат“, стои во соопштението.