СДСМ: Грујо и Мијалков се усрани од страв од протестот на 17-ти мај, им тече од ногавица!

0
1024

sdsm640nasa

ДО

МЕДИУМИТЕ

Соопштение за јавност

Почитувани,

Одбројувањето до 17-ти мај, кога започнува големиот натпартиски граѓански протест против криминалното, сурово и насилно владеење на Никола Груевски, ја покажува нервозата и стравот кај нелегитимната власт.

Колку се уплашени Никола Груевски и неговите најблиски соработници, од огромното акумулирано незадоволство кај граѓаните, се препознава по нарачаните прилози во провладините медиуми полни со лаги и измислици за најавениот мирен граѓански протест.

Ниедна лага не може да ја победи вистината и ниедна конструкција нема да ја намали решителноста на граѓаните преку протест да му ја испратат порака на Груевски.

Големиот, натпартиски граѓански протест на 17-ти мај ќе биде мирен и достоинствен но со силна и моќна порака дека за стабилна и безбедна Македонија Никола Груевски мора да си замине!

Скопје, 12.05.2015 год.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА