СДСМ: Груевски, Трајановски, Трајковски мора да одговорат како се случи во 21-от век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња поради недостиг на канализации!

0
872

Соопштение на СДСМ:

Груевски, Трајановски, Трајковски мора да одговорат како се случи во 21-от век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња поради недостиг на канализации!

Надзорната расправа мора да продолжи со работа. Овие тројца, Груевски, Трајановски, Трајковски мора да се појават на расправата и да се соочат со фактите за сопствената неодговорност.

Одговори мора да дадат сите институции инволвирани во трагедијата со поплавите во скопско.

Порачуваме дека времето за работа на Надзораната комисја можеби е кусо – се ближи распуштањето на Парламентот и на таа карта играат Груевски и соработниците.

Но долго е времето во кое што Груевски и неговите послушници ќе мора да ги објаснат сите пропусти во нивното 10 годишно владеење, што однесоа и човечки животи.

По промените на 11-ти декември Македонија ќе добие одговорни, чесни и ефикасни институции кои ќе се грижат за потребите на граѓаните.

Сите одговори за злоделата врз граѓаните, ќе одговараат.