СДСМ: Груевски призна дека ги крадел изборите

0
912

„Срамната одлука на Уставниот суд е директно признание на изборниот грабеж и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката на Уставниот суд е уште еден чекор којшто ја оддалечува Македонија од ЕУ и претставува навреда за сите граѓани во Република Македонија.

Срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со надеж дека Груевски ќе се спаси од одговорноста, дека ќе ја спаси сопствената кожа.

На Никола Груевски и злосторничкото здружение треба да им биде јасно дека ништо не може да ги спаси од одговорност за сторениот криминал.

Секој којшто го прекршил законот ќе одговара“, велат од СДСМ.