СДСМ : Груевски мора да си оди и точка! НЕМА ОТСТАПУВАЊЕ ОД ТОА БАРАЊЕ!

0
940

Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори.

Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори,  организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски.

sdsm640nasa

Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со Владата што треба да организира и спроведе предвремени парламентарни избори.

Груевски беше подготвен да даде `се и да направи `се, само да ја сочува својата фотелја.

Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција што е став и на граѓаните на Република Македонија.

Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа.

Никола Груевски мора да се повлече.