СДСМ : Груевски моли и се додворува, но интeрес и одлука на граѓаните се промени!

0
1244

Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и нивната одлука за промени.

Албанците ги нарекуваше “шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка.

Упати низа навреди и вулгарности кон претставниците на меѓународната заедница во Македонија, а сега, без образ се обидува да се додворува.

Сето тоа го прави само затоа што е соочен со одговорноста од неговото криминално владеење.

Сите, и домашната и меѓународната јавност знаат дека криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години свесно ја одалечуваше Македонија од ЕУ и НАТО, за да може без проблем да краде и да се богати.

Обвинетиот Никола Груевски не може да им понуди ништо ново на граѓаните и на Република Македонија, освен нови криминали, насилство, нови конфликти и изолација.

Човекот кој ги загрози стратешките интереси на Македонија и го уништи животот на граѓаните на Македонија не може да учествува во решавањето на проблемите.

Затоа над 612.000 граѓани на Македонија, од сите етнички заедници, избраа промени.

Демократските процеси се почнати и Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да спречат.