СДСМ: Груевски излажа, не дозволувајте да ве влече со него!

0
1693

Соопштение на СДСМ:

Порачуваме на сопартијците на Никола Груевски и на медиумите кои ги пренесуваат неговите манипулации, да не подлегнуваат на лагите на Груевски кој прави немоќни, очајни обиди да го оттргне вниманието од катастрофалниот пораз на изборите, по којшто нема повеќе место за Никола Груевски во политиката.

Соочен со промените за кои гласаа над 600.000 граѓани и започнатите демократски процеси, Груевски измислува непостоечки теми, за што денеска е изнесен да лаже членот на партијата Драган Данев.

Во прилог е официјалното известување до Основниот суд Скопје 1 во коешто, како што може да се види, судот се информира за средба со претставник на Италијанската амбасада. На средбата беше присутен конзулот на амбасадата.

По промените, Република Македонија ќе биде праведно и правично општество во коешто секој кој нанел зло на граѓаните ќе се соочи со сопствената одговорност.

%d1%81%d0%b4%d1%81%d0%bc%d0%b4%d0%be%d0%ba