СДСМ: Груевски да се помири со мнозинската волја, неговото време заврши!

0
1032

„Над 612.000 граѓани на Македонија избраа промени!

Мнозинството граѓани избраа живот, правда, слобода, демократија, еднаквост, единство.

Оттука, на граѓаните и на Македонија им е потребна нова одговорна Влада којашто ќе работи во нивен интерес, којашто ќе води реални политики и којашто ќе се зафати со потребниот реформски процес за да им обезбеди квалитетен живот и евро-атлантска иднина.

Повикуваме Груевски да престане да им отежнува на граѓаните и на Македонија и да се помири со мнозинската волја на граѓаните.

Заврши времето на политичари како Никола Груевски кои ја носат Македонија назад во конфликти, поделби и изолации.

Македонија мора да оди и ќе оди напред“, се вели во соопштението на СДСМ.