СДСМ: Груевски да не бега од надзорната расправа за поплавите

0
1107

СДСМ бара Никола Груевски да не бега од одговорност за поплавите кои се случија на 6 август.

„Утре Груевски мора да се појави во Собранието на надзорната расправа за поплавите. Груевски беше 10 години премиер и јавноста од него очекува одговори што направиле тој и неговата власт и уште поважно, што не направиле тој и власта за да дојде до катастрофалните последици од поплавите, загуба на човечки животи и огромни материјални штети. Одговорност за поплавите и последиците од нив мора да има и ќе има“, порача СДСМ.