СДСМ: Груевски веќе не може да користи 200.000 измислени и злоупотребени гласови!

0
926

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се вознемирени бидејки на изборите за 40-тина дена не можат да користат 200.000 измислени и злоупотребени гласови.

ДИК потврди фрапантен податок, дека во Македонија има едвај 1.500.000 гласачи.

Според вкрстените бази на податоци, административните проверки во МВР и теренската проверка на ДИК, Државната изборна комисија едногласно во Извештај констатираше дека околу 33.000 се непостоечки граѓани, а околу 170.000 граѓани не живеат во Македонија.

Тоа значи дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ користеле за гласање 33.000 фантоми и злоупотребувале идентитети на околу 170.000 граѓани кои живеат во странство, во криминалните избори што ги спроведувале.

За овие избори, направено е тоа што требало да се стори одамна, фантомските гласачи се избришани од Избирачкиот список, а граѓаните од дијаспората со право на глас се префрлени во посебен дел од списокот.

На регуларни избори граѓаните ќе ги поразат обвинетиот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе гласаат за живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.