СДСМ : Груевизмот кој зрачи од Мицкоски го потврдува она што граѓаните го знаат: ВМРО-ДПМНЕ сака да се заташка криминалот на режимот

0
1011
Груевизмот кој зрачи од Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се заташка криминалот на режимот. Ништо друго не е важно за нив.
Тие бараат предметите на СЈО дојдат под нивна контрола за да запрат.
Тоа е единствената причина зошто не се постигна договор за Законот за ЈО.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата, против ЕУ и НАТО и против граѓаните. Се надеваат дека ќе го попречат напредокот и ќе го загрозат датумот за преговори.
Ние тоа нема да го дозволиме. Ние сме за правда. Сега е моментот и  покажуваме што значи борба за правна држава и за правда!
Пропаѓаат обидите на Мицкоски да ги минира предметите на Специјалното јавно обвинителство, тие се обезбедени, одговороност ќе има.
Затоа Мицкоски е во паника, затоа што знае дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ нема да се спасат од одговорност без разлика колку и тој да се труди да ги спаси.