СДСМ го има главниот збор до сабота

0
966

Оваа влада и овој премиер и овие институции јасно е дека неможат да го спроведат договорот од Пржино. Јасно ни беше на сите каква е ситуацијата и многу често повторувавме дека од Пржино мора да изнедри експертско-техничка влада. Груевски во Пржино извојува две победи – 1.Издејствува датуми за избори ,што СДСМ го дигестира нормално ,а впрочем беше замка и 2.Победа беше партиско –Пржинска влада без ДПА каде сите би го превзеле теретот за спроведување на договорот од Пржино.

Сега овие денови Ахмети ќе се обиде да се спаси сам себеси вршејќи притисок врз СДСМ да одат на избори. Знаејќи дека доколку СДСМ на 5 јуни одлучи да не оди на избори, сосема легитимно заради тоа што на Ахмети му е јасно што стана со Пржинскиот договор .
На Ахмети му е јасно дека неизлегување на избори на СДСМ на 5 јуни значи негов крај заради што ќе мора да излези на избори сам со Вмро-Дпмне и ја прави ситуацијата апсурдна и како партија нема шанси да го издржат нити објаснат пред гласачкото тело тоа. Друго е што Македонија ќе се потврди дека е земја во која владее диктатура која преживува со земање на кредити.


Ваков развој на ситуацијата и толкав хаос неможе да го контролира никој освен тие што даваат пари овој режим да се одржи. Потоа сите прсти ќе се вперат во овие финансиски организации каде ќе дојди до неминовен пад на режимот за не повеќе од една година.Тоа го знаат и финансиските гуруа на Вмро-Дпмне. Но знаат дека потоа нема да следи Пржино два ами Сиктер под Еден ,а разврската тогаш за нив нема да е баш обична нити нежна.
Значи дека СДСМ го имаат главниот збор до сабота. А,а сабота е другата недела.

Фејсбук статус на Даме Чкатроски