СДСМ: Во единствена Македонија нема место за меѓуетничките провокации на обвинетиот Груевски

0
1020

Соопштение на СДСМ:

Во единствена граѓанска Македонија нема место за очајните обиди на обвинетиот Никола Груевски да го пренасочи вниманието кон меѓуетнички прашања.

Прашањето за употребата на јазиците е дефинирано со Уставот и законите на Република Македонија!

Токму Никола Груевски заради тендер коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, се испазари со Али Ахмети, го прекршија Уставот и воведа проширена употреба на Албанскиот јазик.

Времето на поделбите по сите основи што ги прават Груевски и неговата власт заврши.

СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права и обврски пред Уставот и законите.