СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ сите се Диме Спасов, затоа сите молчат!

0
1029

„Никола Груевски и неговите соработници во ВМРО-ДПМНЕ, како Диме Спасов не смеат повеќе да ја водат државата, бидејки ги загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.

За какви неодговорни политичари станува збор покажува фактот што дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, во чиј ресор се наши деца во градинките, дивееше пијан по улици и не чувствува одговорност сам да се повлече.

А во ВМРО-ДПМНЕ никој не може да му побара оставка, зашто цело тесно раководство е како него!

-Тодоров ја носи на совест смртта на малата Тамара, којашто поради негрижа не доби шанса да се лекува во странство.

-Груевски со фамилијата го носи на совест Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт на денот кога ВМРО-ДПМНЕ славеше победа на украдени избори.

-73 годишен човек загина на улица од обезбедување на Сашо Мијалков.

-Последно од она што е познато, 22 годишно момче загина во сообраќајна несреќа од долгогодишниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски.

За уште колку случаи на лудилото со коешто владее ВМРО-ДПМНЕ јавноста не знае?

Еве затоа Диме Спасов е комотен и затоа за ВМРО-ДПМНЕ тоа што тој трескал по автомобили на граѓани кои можеле да бидат и деца, додека “го газел“ службениот џип, е “само материјална штета од 150 евра“.

Ќе има одговорност за сите зло дела на власта на Никола Груевски врз граѓаните. Граѓаните на 11 декември ќе ги казнат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.