СДСМ Босилово: Градоначалникот Колев да одговори на клучните прашања за рудникот „Иловица“

0
1026

Прес конференција
Аница Аризанова, портпарол на ОО СДСМ Босилово
Босилово, 14.07.2016г.

Почитувани,

За СДСМ врвен интерес е здравјето на граѓаните и заштита на животната средина, затоа активно учествуваме во следење на работата на рудникот „Иловица“.

Очигледно градоначалникот Колев гледа некој личен или партиски интерес во проектот Иловица, штом неповикан се јавува како негов политички заштитник.

Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Колев, наместо да се однесува како протпарол на компанијата Еуромакс Ресоурцес треба да одговори на клучните прашања коишто ги чекаат граѓаните.

Повторно, јавно, но и во писмена форма го повикаме инвеститорот Еуромакс Ресоурцес и градоначалникот да одговорат:

• Колку е неопходно користењето на цијанид во процесот на обработка на ископаната руда?

• Дали компанијата Еуромакс Ресоурцес има материјални средства со кој може да гарантира дека во случај на еколошки проблеми кои би настанале од денас па натаму, може во истиот момент да интервенира тоа штетно влијание да не се прошири?

• Од досега вложените средства за геолошките испитувања, колку се отидени во македонски компании, колку се во странски компании?

Според наши информации, странските компании го имаа најголемиот дел од работите во досегашната инвестиција.

• Дали Еуромакс ресоурцес се спремни да достават писмена гаранција дека работната сила што ќе се користи при изградбата и експлоатацијата ќе биде ангажирана исклучиво од локалното население, односно нема да бидат ангажирани работници од странство?

Очекуваме од надлежните одговори на овие важни прашања се со цел заеднички да допринесеме кон зачувување на животната средина, но и кон подобрување на стандардот на граѓаните.

И апелираме, заедничкиот интерес да се стави над поединечниот и партискиот, затоа што штетните влијанија ке ги почувствуваме сите ние граѓаните.