Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е главен кочничар на реформата и професионализацијата на МРТ обидувајќи се да ги задржи своите кадри кои придонесоа за пад на довербата на публиката во јавниот сервис, а против кои во изминатиот период се отворени и кривични постапки поради вмешаност во коруптивни зделки и злоупотреби на позицијата.
-Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ. Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми. Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа. Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните – се вели во соопштението од СДСМ.