СДСМ бара Владата во заминување веднаш да соопшти зошто ги остави граѓаните без струја на температура од минус 20 степени

0
1215

СДСМ бара Владата во заминување веднаш да соопшти зошто ги остави граѓаните  без струја на температура од минус 20 степени.

Информациите на партијата се дека ситуацијата во земјава е сериозна оти Македонија  речиси е без струја  и затоа јавно прашува дали има сериозен ризик домакинствата да останат без струја, затоа што е драстично намалено домашното производство на струја?

СДСМ наведува дека постојано не работат некои од блоковите на РЕК Битола.

– Енергетскиот комбинат е во ваква состојба и покрај наводните поправки што досега ги чинат граѓаните неколку стотици милиони евра. Многу граѓани поради несериозните политики на досегашната власт, го откажаа парното и се греат на струја – реагираат од СДСМ.

Важно е луѓето да знаат велат од СДСМ, дали се оставени без струја на големиот студ што ја зафати Македонија.

– Според нашите информации Владата во заминување, за да го покрие скандалот, бара интеревентен увоз на струја од странство.Ако е така, колку ќе ги чини граѓаните интервентниот увоз на струја и дали е тоа решение?- посочуваат од СДСМ.

СДСМ бара Владата во заминување веднаш да ги даде овие одговори на граѓаните.

-Укажуваме дека несериозната власт во заминување не смее да прави штета на граѓаните на Република Македонија- велат од  СДСМ.