СДСМ: Бакрачески не им дозволува на вработените да излезат на протести

0
1234

Во Охрид, градоначалникот Бакрачески и директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во јавните и државните институции, како болници, детска градинка, училишта и слично, вршат силен притисок врз вработените да не излегуваат на протестите. Многу од вработените се прераспределни и им се закануваат со отказно решение, велат од партијата.

„Демократска Македонија најостро го осудува ваквиот однос кон граѓаните и бара веднаш да бидат повлечени сите одлуки со коишто се прераспределени и деградирани вработените. Секое попречување на правата на вработените да ја изразат слободно својата воља и определба се сметаат за мобинг кој според законот, претставува кривично дело. Никола Груевски е во паника и преку неговите послушници сака да им се заканува на граѓаните. Тоа повеќе не поминува. Доаѓа слободата и демократска Македонија. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во партиското соопштение.