Светот е во ШОК : Лудак во напад на џамија во Нов Зеланд убил преку 40 луѓе меѓу кои има и деца

0
1719

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, соопшти дека во напад на две џамии во градот Крајстчерч, се убиени 40, а ранети 20 луѓе.

Полицијата веќе привела неколку лица осомничени дека стојат зад овој масакр, а заплениле и поголемо количество експлозив.

Нападот се случил во момент кога џамиите биле полни со верници.

Некои од напаѓачите на себе имале облека која потсетувала на воена униформа, изјавија очевидци.

Специјални полициски екипи деактивирале поголемо количество експлозив пронајдено во возилата на напаѓачите.