СВАРОВСКИ СУДСТВОТО ОДЛУЧИ ДА ОДИ ПО ПАМЕТОТ НА ГРУЈО И БАТЕ САШЕ : Кривичниот совет реши Горан Грујоски од притворот во Шутка да оди во домашен притвор

0
991

Осомничениот Горан Грујоски да биде пуштен дома во домашен притвор, одлучи денеска Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Одлуката не е конечна. Обвинителството и одбраната на Грујoски имаат право на жалба до повисокиот суд, информира Основниот суд Скопје 1.

Горан Грујоски е првоосомнилчен во предметот „Тврдина“ на Специјалното обвинителство и пред два дена Кривичниот суд му одреди 30 дена притвор. Тој е осомничен за уништување на опремата за прислушување и фалсификување документи.

За останатите предлози за обезбедување присуство, поднесени од Специјалното обвинителство до судијата на претходна постапка досега се доставени предлози за определување мерки за обезбедување присутво, за кои судијата испрати покани до странките во текот на наредната недела да се јават во судот за да се произнесат во врска со предлозите, по што ќе донесе одлука, соопшти Основниот суд Скопје 1.