СВАРОВСКИ ПЕРДУВИ летаа во Управниот суд: Се степале судијки! Само еден ден по тепачките на Кривичен Суд, што се случува со македонското судство, се распаѓа ли СВАРОВСКИ ИМПЕРИЈАТА НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ?!

0
1393

Две судијки на Управниот суд, чиј идентитет е познат на редакцијата на Макфакс, се степале откако претходно двете изнеле различен став за сето она што изминативе денови се случува со нивните колеги во скопскиот кривичен суд, пренесе агенцијата.

Едната од судијките била на мислење дека она што го прават нивните колеги во „единица“ е исправно, но тоа не и се допаднало на другата судија, па вербалната расправија преминала во физичка пресметка.

Од судот сé уште нема никаква официјална реакција на случувањата, но несомнено дека судиите сé погласно и со многу емоции говорат за состојбите во судството.