Сашо Тасевски до Антонио Милошовски : Немој да лажеш , како мајмуни за банана од ДУИ чекавте до полноќ да ви дадат сигнал за влада

0
3966

Некогашен познанику Милошоски, немој да лажеш дека заради двојазичноста уште на стартот сте ги одбиле ДУИ за коалиција.
Да беше така уште првиот ден ќе излезевте и ќе кажевте дека ви понудиле непристоен предлог. Вака ко мајмуни чекавте ДУИ да ви даде банана до последниот ден на полноќ.
Најпосле, да бевте загрижени патриоти за опстанокот на МК, македонска платформа ќе понудевте на опозицијата уште пред години. Ама не, моравте да владеете сами на поделена теритоија и ингеренции со ДУИ, да не си се мешате во бизнисите и да крадете. Па уште зборувате за единственост и Македонија на македонците. Дај објаснете им на оние гревчиња кои сега шетаат по улици, зошто не можеш да видиш македонско знаме од Групчин до Кичево, изминативе години. Со која суверена и независна Македонија владеевте кога не смеевте да влезете во некои региони или сиви зони во државава. И сега одеднаш ви текна на чиста Македонија. Може да ја исчистите, ама прво од себе. Паста за заби, четка, сапунче, два пара танга и Идризово.

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски