САШО ОРДАНОВСКИ МУ СОВЕТУВА НА ГЕРО ДА ИДЕ НА ЈОГА СО ГОГА: Некои мрчатори од лични фрустрации се обидоа да ја саботираат вчерашната историска посета на Ципрас, но не успеаја во тоа!

0
1036

Успехот на посетата на Ципрас на Скопје има две димензии.

Едната е инстантна: Заев и грчкиот премиер беа на насловните страни или во врвот на вестите на најголемиот број на релевантни европски, па и воневропски, медиуми, од сите технолошки и уредувачки деноминации, „избањати“ во позитивни пораки и политички комплименти за широките („ортодонтски“) насмевки на нивните соседски лица. Тоа, патем, уште еднаш потврдува дека кога водите добра меѓународна политика, не ви требаат десетици милиони евра за закупени реклами со кои ќе ја промовирате татковината како туристичка или бизнис дестинација. Така рекламата ви доаѓа гратис.

Само македонската опозиција и локалните ситничави фејсбук-мрчатори останаа разочарани од овој извонреден меѓународен одек. Можеби не е лоша идејата сите тие малку повеќе да се занимаваат со практикување јога, малку да ја врамнотежат непримерната експанзија на своите политички суети и лични фрустрации.

Фотографијата со селфито на премиерскиот дубл – одличен пропаганден потез, кој и да го смислил – го обиколи светот, а секако ќе заврши и во досието на Нобеловиот комитет (sic!).

Целата колумна на следниов линк ОВДЕ