Сашо Мијалков освен пиштол „Берета“ во торбата носел и хируршки ракавици и екстра кутија со муниција!

0
1272

Кај Сашо Мијалков кој минатата недела беше уапсен на аеродромот во Белград, освен пиштол „Берета“, пронајдени се и хируршки ракавици и екстра кутија со муниција, што укажува на тоа дека не ја кажувал вистината кога на српската полиција и рекол дека оружјето „случајно“ го заборавил во рачниот багаж, пишува српски „Ало“, пренесува Либертас.

Мијалков, кој до неодамна беше на чело на УБК, бил ослободен по силна интервенција од врвот на македонската влада, пишува „Ало“ повикувајќи се на добро информирани извори.

– Министерството за внатрешни работи на Македонија молеше Мијалков да биде пуштен веднаш без дополнителни прашања и проверки. Српските колеги беа подготвени да им излезат во пресрет, но се вмешало српското обвинителство, кое не дозволило тоа да се случи без процедурите предвидени во такви случаи. По кратото задржување, сепак, му било овозможено да го продолжи својот пат – изјавил изворот на српски „Ало“.