Сашо Василевски и Љупчо Зиков се новите директори во МЕПСО кои треба да го вадат од финансиската каша

0
2260

МЕПСО доби нови директори во имињата на Сашо Василевски и Љупчо Зиков, објави порталот МКД.

Владата вчера решила Василевски да го назначи за директор на МЕПСО, додека Зиков е назначен за директор за финансии во компанијата.

Сашо Василевски бил заменик министер во Министерството за правда од 2006 до 2008 година.

Зиков е новинар и директор на неделникот Капитал.

Тој беше претседател на партијата Алијанса за позитивна Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски пред изборите во 2014 година.