Саше Политико : Никого не нападнав, јас сум жртвата, жена ми сакаше да ме заколи со тап нож

0
1641

Реакцијата на сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски Политико за синоќешните случувања, кои ги потврди и полицијата, а за кои се јави со изјава и неговата сопруга Марина Лазаревска Ивановска, ја објавуваме интегрално:

„Се надевав дека нема случајот да излезе во јавност затоа што не сакав да и наштетам на мојата сега веќе екс сопруга.

Но за жал случајот некако излезе во јавност и ќе морам да ја кажам вистината.
За жал, пред два дена имавме пак кавга со мојата екс сопруга поради нејзината за жал болна љубомора која беше без основа.

Ми беше лута за моето присуство на пресот на министерот Сугаревски, каде до мене седеше новинарка, и таа беше параноична дека јас не смеам да бидам во близина на жени, затоа што тоа било опасност за нашиот брак.

Ваквите кавги траат веќе 5 години, но јас неколку пати ја напуштав и живеев во Кратово сам со месеци кај моите, но пак се враќав во бракот со надеж дека таа ќе престане со паранојата и ќе престанат кавгите.

Но пак се случи нова кавга, 1000-та по ред и пак решив да си одам, но овој пат таа ја заклучи вратата и ми ги зема ташничките со новчаникот и клучевите.

Јас во тој момент се јавив на полиција за да ми помогне да го напуштам домот затоа што не сакав пак да бидам малтретиран цела ноќ со нејзините нервни испади.

Но таа кога виде дека вртам во полиција, зема нож и почна да пробува да се самоповредува па во еден момент реши и мене да ме боде и да ме сече, за што имам  повреди на лицето и на ушите.

Целата среќа е што таа во брзината земала тап нож за леб наместо некој остар во врв, тогаш може и ќе ме повредеше многу повеќе и случајот ќе беше многу потрагичен.

Тогаш решив да ја совладам и да ја чекам полицијата да дојде, додека траеше целиот напад од неа полицијата слушаше од другата страна, за среќа стигнаа за само 5 минути се погодила една патрола баш пред нашата зграда и немаше поголеми повреди кон никого освен моите гребаници и секако преплашеноста и траумата на нашиот син кои се надевам брзо ќе ги заборави.

За жал целиот настан го гледаше нашето синче кое беше избезумено и потоа им раскажа на полицајците, им рече, мама го исече тато, на што јас кога го слушнав тоа негово сведочење мислам дека ќе се онесвестев од жал за тоа што ова детенце мораше да гледа сирото тоа ангелче мое најсакано…

Тоа е тоа почитувана јавност, не сум јас насилник, не сум жено тепач, не сум никаков тепач, само сум жртва на една болна параноја на една несигурна млада жена. За нејзината параноја сведоци се и тие малку мои пријатели со кои морав да ја прекинам комуникацијата и да се изолирам со години, со години немав отидено на кафе некаде или на пиво, тоа беше мисловна именка за мене.

Се гледав само со бизнис партнери, но плаќав голема цена и за тие средби, со денови таа ме малтретираше и нервираше со нејзините паранои што сме збореле и кај сме седеле итн инт…

Иако се работеше за кратки средби од по 20 минути во канцеларии или ресторани во сред бел ден со луѓе кои се рекламираат на порталот или се политичари со кои требаше да направам кратко интервју.

На Марина и посакувам брзо да го преброди ова и да успее во животот, ќе и помагам финансиски колку можам, тоа и досега го правев но за жал не успеавме.

Добро е што сепак засега никој не е сериозно повреден и дека сите ќе бидеме здрави и живи и среќни еден ден.

Да резимирам:
– јас повикав полиција
– јас сум повредениот а таа не
– не сум бил приведен, само отидов да дадам исказ како жртва на семејно насилство
– поднесов кривична пријава за мојата сопруга со надеж дека тоа ќе делува превентивно врз неа во иднина да не се осмелува да напаѓа некого со нож или какво и да било друго оружје, никој нема право некого да убива или повредува, без разлика што и да мисли дека таа личност направила.

Инаку никого не му пожелувам да биде во врска со љубоморна личност. Јас изминативе години живеев практично во куќен притвор, не смеев никаде да одам без неа, па таа дури почна да оди по фирмите и да ги носи фактурите и документите од страв дека јас ќе имам нешто со некоја маркетинг менаџерка или слично?!

Не смеев да одам ниту на пресови нити на јавни настани, затоа ме нема пред суд да ги бркам Груевци затоа и не можам да почнам со мојата емисија иако имаме студио и опрема, но не смеев да го направам тоа затоа што таа се плашеше дека јас ќе ја изневерам со некого во тоа студио.

Затоа и стагнира порталот и стагнира мојата кариера поради нејзината болна љубомора, но сепак и тоа се трепеше само за доброто на нашето синче а и за нејзино добро, и помагав да студира и да полага испити, но не се трпеа кавгите кои траеа со часови и поради кои не можев да работам, да ве потсетам дека нашиот дом беше и моја канцеларија, а од мојата работа зависеше дали ќе можеме да си ги платиме сметките и да имаме што да јадеме.

Беше тоа еден хорор брак кој што заврши со хорор сцена како од хорор филм. Се надевам дека државата ќе има разбирање за целата ситуација и ќе ми дозволи да си го гледам синчето и ќе дозволи и јас да се грижам за него, тоа е најважно во целата приказна.

Марина заслужува помош, таа во моментов прави грешки, но верувам дека ќе застане на прав пат и дека ќе го преброди ова, секој прави грешки во животот, особено во лудите 20-ти кога се уште не знаеме кој сме и што сме.

П.С. Таа сега наместо да закочи, од една влегува во нова глупост. По нападот наместо тука да застане, таа отиде во полиција и измисли дека јас сум сакал да ја нападнам а таа се бранела. Ако е така зошто јас бев во капут и чизми кога дојде полицијата а не таа, зошто јас повикав полиција а не таа, зошто јас бев повредениот а не таа? Тоа нема логика. И таа нејзина лажна приказна сега осамна на сите медиуми кои се мои непријатели само затоа што со години работев за рушење на режимот од кој тие цицаа. Ова се сега нивните 5 минути за да пробаат да ме елиминираат, да ме уништат, да ме тргнат од јавната сцена. Ќе се борам тоа да не се случи, затоа што сметам дека не сум направил ништо лошо, се водев секогаш колку што можам со желба никому да не наштетам многу често на моја штета, се жртвував себеси 5 години и веќе не можев да издржам но се што направив е што пробав да си заминам но Марина не сакаше да ми дозволи при што ме нападна а сега се обидува и да ме намести со цел да ме уништи под изговорот ако не си со мене, ќе те нема нема да постоиш.

П.П.С. Би ги советувал сите кои се во Скопје а се по потекло од внатрешноста, и кои се во брак, имајте скриено некаде 500 до 1000 е за да можете да се засолните некаде и да си купите храна и да може да изнајмите стан инаку ќе останете на улица и на ладното може и да загинете. Јас немав ништо на страна заштедено, па за среќа еден мој стар верен пријател ми помогна и ме прибра и ми помогна да најдам стан и да купам храна и облека иначе ќе беше многу лошо, страшни се разводите, страшни се брачните кавги и разделби, да не зборам за осудата, совеста дали можеше нешто да се спаси и поинаку да се направи, дали имаш сепак некаква вина за се итн итн…“, напиша Саше Ивановски Политико.