Саше Политико е со Ивон и Либералната, Народен Глас е со Заев и СДСМ, НЕК МУ ЈЕ СА СРЕЧОМ!

0
1559

Честитки за членството на Саше Политико во Либералната партија кај Ивон Величкивски, Ивон е добар со мене како уредник иако матна работа кога ја кидна од коалицијата со СДСМ на локалните после Стевче муња ама тоа е тоа, шта чемо да радимо! Ете доказ дека Политико не бил никогаш со и за СДСМ, паѓаат маските. Политико одлучи да се зачлени во Либерална а екипите на ,,Доказ” и ,,Народен Глас”  заедно со нивните уредници ќе дадат отворена и несебична подршка на Заев се додека е лидер на СДСМ!

sashe-ivanovski

Ние од Народен Глас како и уредникот остануваме со СДСМ и лидерот Зоран Заев до крајот на борбата со овај клептомански режим кој фрла жени и деца во ендек, гради плацеви на криминалин начини, менува пушинела судии и сваровски обвинителки.

Рубин Иваноски – уредник на Народен Глас

Саше Ивановски :  Јас сум опозиционер, но не сум СДСМ-овец, јас сум ЛИБЕРАЛ!

Јас сум против оваа власт, односно режим. Некои работи кај нив сум ги пофалил, но генерално се работи за забегана банда лудаци и клептомани.

Јас и давам голема поддршка на опозицијата, со се што можам и како новинар и како човек работам таа да успее да го смени режимот.

Но јас сум политички либерал, и на покана на лидерот на Либерална Партија, Ивон Величковски, овие денови најверојатно ќе се зачленам во оваа партија и ќе се обидам да добијам некоја позиција во оваа партија која ќе ми овозможи организирано да делувам меѓу народот со цел промовирање на либералните вредности во земјава.

Јас сметам дека ова што ни се случува во земјава е последица на левичарските политики на ДПМНЕ. Во таа насока, јас ќе водам тешки битки со СДСМ кога тие наскоро ќе дојдат на власт. Јас не се сомневам дека овој СДСМ ќе биде драстично подобра власт од сегашната власт. Само принципиелно сметам дека Македонија ќе биде навистина убава и успешна земја кога во земјава ќе завладеат либералните вредности кои што се покажале многу успешни во многу земји.

Оние земји кои на прво место ги ставиле слободите на граѓаните, и тоа слободи во секоја смисла, економска, социјална, религиска, морална, културна, сексуална итн итн, тие општества кои сепак не се анархија затоа што има јаки и ефикасни институции, тие општества силно грабаат напред во секоја смисла, Европа и САД и генерално целиот запад имаа силни либерални партии и либерални општества.

Политичари кои вовеле многу либерални вредности во економијата се Маргарет Тачер и Роналд Реган. Политичари кои вовеле големи либерални вредности во социјалниот живот се Обама и Клинтон. Либералите се микс на двете, либералност и во социјалниот живот и во економијата. Либералноста во политичка смисла е најдоброто од левицата и десницата, отфрлајќи ги слабостите на двете, кај левицата тоа е економската небулоза и ригидност околу оданочувањето и големите буџети и државен апарат, кај десницата тоа е ригидноста по основ на правата на ЛГБТ групите, односот кон жените, улогата на црквата, националистичката реторика…

Затоа, јас сум ЛИБЕРАЛ! Штета е што Македонија има слаби либерални партии, затоа си патиме сите овие 25 години!

Како новинар ќе се борам за либералните вредности да добијат широко признавање меѓу народот. Како политичар доколку некогаш станам пратеник ќе се борам од собранието да бидат носени закони кои ќе бидат либерални, ќе ги остават парите во џебовите на оние кои ги заработиле, државата нема да им се меша на граѓаните во тоа како ги водат своите фирми и како ги живеат своите животи, дали и каде пушат, кога и дали пијат, па дали се и дрогираат и проституираат. Тоа е право и одговорност на секој поединец!

Праќам апел со сите граѓани на кои личната слобода во секоја смисла им е императив да се зачленат во некоја од двете либерални партии во земјава.