Само ти граѓанину имаш моќ да одлучуваш за твојата иднина

0
1092

За време на оваа влада, во последните 10 години, на нас ни се случи еден Суперхиковски момент: Се крадеше од сиромашните за да се даде на богатите. Се уништи средната класа, сиромашните граѓани станаа социјални случаи и питачи, за да тајкуните блиски до владата и Фамилијата на власт се промовираат од милионери во милијардери. Со континуираното продавање на државни обврзници на комерцијалните банки од страна на владата на Груевски, покрај задолжувањето се случува и невидено осиромашување на секој чесен граѓанин на Македонија, затоа што банките заради ова цело време ги намалуваат каматите на штедните влогови и ги зголемуваат на кредитите, кои и онака за да ги земете мора да исполнувате ненормални услови и да вложите под хипотека имот три пати повреден од самиот кредит. Ваква ситуација нема во друга држава. Груевски не направи заложници на сиромаштијата наметната од него самиот. А ти граѓанину имаш моќ да дозволиш да продолжи ова или да го прекинеш.

Не може Фамилијата на власт, да ги крие и пере нивните пари по Карибските острови и Белизе, додека истовремено, жената која што работи како работничка во конфекција и зема 13 000 денари плата, од тие пари 4 000 денари да дава во државата како даноци, а со 9 000 денари да издржува цело семејство…

Владата на Груевски платата помала од 9 000 денари ја крсти „минимална плата“. Епа таа плата не е „минимална плата“, туку „понижувачка плата за држење на луѓето во тешка сиромаштија“. За 35 годишен работен век чесниот работник со таа минимална плата заработува само 63 илјади евра, додека истовремено Груевски заработува 15 милиони евра за 2 минути, со еден повик кон Миле ми текна, од провизија од Кинезите. И од тебе граѓанину зависи дали ќе продолжиш да дозволуваш некој да умира за леб, додека некој купува наочари за сонце, кои што вредат колку цел работен век на македонскиот работник!

Плаќаме најскапа струја во Европа, затоа што некој одлучил да заработува по стотици милиони евра од прескап увоз на струја, кој што ни е непотребен, но намерно се случува заради организирана смислена кражба. Зошто сме единствена земја чија што влада одбива да се изврши гасифицикација во Македонија? Кога планира Груевски да ја започне гасификацијата? Кога 50% од граѓаните ќе добијат рак на белите дробови заради загадувањето на воздухот, кое е ненадминато во светски рамки?

 

Пишува : Дејан Гацов

Целата колумна може да ја прочитате на А1он ОВДЕ