САМКА ИБРАИМОВСКИ ВО СЈО ЌЕ СВЕДОЧИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ ВО РОМСКИТЕ СРЕДИНИ

0
1171

Самка Ибраимовски, лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите е последниот од серијата сегашни и бивши функционери кои денеска биле викнати да дадат исказ во СЈО. Тој верува дека е викнат во врска со истражната постапка за изборни измами и за дело дискриминација и омаловажување на етничка заедница.

„Ќе го повикам СЈО да ги земе списоците само од 2011 навака и да види колку манипулации се правеле на сите избори со гласовите на Ромите“, изјави Ибраимовски за СДК.МК во саботата.

Извор: СДК.МК