САКАШЕ ДА СЕДНЕ ВО ФОТЕЉАТА НА ТИТО, СЕГА ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР: Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски на распит поради упад во системот на Централен регистар

0
1273

Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен на распит во полициската станица Беко во Скопје.

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го  лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ, информираат денеска од МВР.

Инаку на последниот конгрес на НСДП, тој беше противкандидат на Тито Петковски за позицијата лидер на партијата, но изгуби со голема разлика.