Русија и Македонија

0
1273

Во 2008 година рускиот амбасадор во НАТО пактот и соопштил на неговата пријателка Медлин Олбрајт дека Македонија и да влезе и да не влезе во НАТО за Москва е сеедно. Иако им е сеедно, за да не бидат ептен пасивни, ќе мораат 2-3 негодувања на прес да кажат да не се рече дека Москва ја поддржува Македонија да влезе во НАТО –„зликовци алијансата”.

По зборовите на Медлин ,пиеле некакво вино јаделе добро таа вечер во некаков не баш ексклузивен ресторан во Монс.

Ова ми го соопшти лично Медлин Олбрајт во 2008 година. Да си немаме шпекулации. На нога во холот на една амбасада на САД во една голема европска земја.
Што се промени од 2008 до денес.

Прво кај нас беше на власт ВМРО-ДПМНЕ, кои ( повеќемина) ја заинтригираа Москва и нејзините апетити, а посебно во енергетскиот дел.
Второ со однесувањето на тие повеќемина, Русите најдоа добар прием да не приклучат на нивната Балканска Агенда која се сведе до тоа со Србија, Грција и Бугарија да претставуваме делот (делот на нестабилноста) со која Русите би играле во Косово, Србија и Босна.

Ги потценувате оние во Москва. Тие знаат по себе дека не треба да се верува во повеќенационални земји. Посебно имаат искуство пред се со себе. Таму има 35 официјални јазици освен Рускиот и голем дел на парламентите во федералните нивни едници не зборуваат руски. Русија на повеќенационални држави-НЕ ВЕРУВА. Посебно не на Македонија и на Албанците.

Тие имаат тик од Албанците. Лоши искуства. Албанците се 99 про –западни и НАТО. Едноставно, албанците со размислите се движат онаму каде се нивните фамилии и најмили и од каде најмногу виделе аир.
Дури и нашиот врховен командант се однесува про-Белоруски во средишниот дел на Балканот, про-балкански, каде е клише, (исто како ) некои српски политички функционери кои се познати на Москва, се знае како функционира нивната психолошка матрица и се е сведено на тоа дека тој (нашиот врховен командант) може да биде доста корисен.

За Москва , Хорхе неофицијално е нешто налик на Милан Мартиќ и е во тој фајл. Додик е од него далеку по вешт.

„Крајот на нестабилноста” во Македонија може секогаш да предизвика експлозија према Север-Северо Запад каде бетонираната Бугарија и Грција би биле крајните граници на експлозијата која би се ширела како ДОМИНО ЕФЕКТ до Босна. Кумулативна експлозија со проектирана точка на удар.

Се би било во ред само што клетите Американци со помош на албанскиот фактор,одлично им ја менаџираат ситуацијата. Русите велат дека тоа им е работа на американците. Американците велат ,па тоа им е работа на Русите.
Потоа во ситуацијата , следеа низа соопштенија на МНР на Русија во најсериозните, највиталните моменти на борбата за демократијата во Македонија.Пред и во парламент.

Низа про-руски типови, (за пари да си немате многу заблуди), од Вашингтон до Москва и Узбекистан , платени лобисти од Прага до Ст.Петерсбург, Лондон и Берлин со про-руски акцент беа ангажирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ и платени со наши пари. Белград веќе се подели на пола  со агендите во Црна Гора,на про-Руси и про-НАТО. Така Црна Гора стана членка на НАТО. Глатко.

Операцијата „Завеса”(според бугарски врвни аналитичари се вика ама баш така , ЗАВЕСА) Македонија ја доведе до таков очај и акумулација пред огромна експлозија да спрема зборови на странските амбасади, Македонија ја спасија неколокумина од ВМРО-ДПМНЕ кои правовремено направија дојава –кец во кец и ВМРО-ДПМНЕ не направи влада.

Да ,на некои во Вмро-Дпмне така им збоктисало и дожежало па одма отрчале на Запад да си ги кажат маките од новите циркуси на другиот дел од владата. Што мислите,дали во целата ова операција и против-операција некои од нив не му предочиле на ДУИ …да бега дури нозе ги носат“.
И избегаа.Толку било компицирано,трагично и трагикомично, што ДУИ избегаа –главом без обзира.

Истите овие извори тврдат дека на 23 декември на Груевски му било укажано дека нема да прави влада.Ај што му било него се јасно но циркусот го тераја до 27 април.Груевски ги збриша сите можни негови поддржувачи и лобисти со еден говор пред парламент.Во политика емоции и стравови несмеат да се покажат пред непријателот.

Ги кладе во казанот да се варат неговите поддржувачи па се до странските лобисти од Виена и странските разузнавачи од парламент преку разно/разни операции развиени во некои 5 секунди до 12, кои не успеаа заради свиркањето.

Еден помал западен амбасадор пред новинарите на сегашната позиција еднаш рече – Во Македонија многу се прислушкува но.. не може со сите светски технички средства да се дознае тоа што го знаме ние по амбасадите ,ако немаме човек од “внатре”.
Да не излезе дека на крајот небиле многу ножиња, ами тро поголема сабја.
И сега за Русите.Нема ништо да превземат.

Таму во таа амбасада во Москва сите си имаат членски книшки на ВМРО-ДПМНЕ. Русија може да ги заострува односите со Македонија но во еден момент ќе бара начин да се извлече. И на нив ќе им стане јасно дека соопштенијата на Лавров и амбасадорот во Мк се минато и дека требат релации врз база на други основи.

Тоа што се фатени со спуштени гајќи , Македонија ќе го заборави. По тоа што го соопштија властите во Скопје, очигледно има дупло спуштени гаќи за кои Москва и не би сакала сега да полемизира заради рушење на својот политички рејтинг и во Москва и во Македонија.
Заклучок- Време е да го повлечеме нашиот амбасадор од таму ради себе , а не ради Москва.

Малку да ги пролуфтираме релациите и да седнеме да си направиме релации какви што треба ,а времето е малку за да се направат на други основи, освен за заедничка добра иднина и соработка на двете земји .Еве можеме малку да се покурчиме до следните избори за Претседател и да му оставиме него да си ја сработи работата. До тогаш и можеме малку да размениме боксови со Москва ради политички суети на нивната големина и нашата маленкост.

Обично малите земји патат од комплекси за големина,а големите се со комплекси за виша вредност..ма писхолошка ни е матрицата и таа е една и иста.Ве знаеме ,не знаете,ај да не сереме или да сереме дури нема Македонија нов претседател.Вие си поминавте со изборите ,а кај нас ,само што не почнале.

Автор: Даме Чкатроски