Рубин Земон: Граѓаните кои припаѓаат на заедниците што не се споменуваат во Преамбулата на Уставот се дискриминирани и исклучени од учеството во јавниот живот

0
1392

Програмата „За живот во Македонија“ на Социјалдемократскиот Сојуз и Коалицијата се базира на пет столба, односно за одговорна власт и контрола на власта, праведен даночен и социјален систем, развој на домашните капацитети и пристојна работа, европска иднина и квалитетен живот и изградба на едно обединето општество, изјави Рубин Земон, кандидат за пратеник на опозицијата.

– Се оочуваме со реалноста дека во Македонија се губи чувството дека живееме во едно општество на различности. Сé помалку мислиме и се трудимеда градиме политики на единството на различностите. Живееме во затворени етно-кругови и поделено општество. Говорот на омраза кон различните станува секојдневие низ социјалните мрежи, но и криминалот поттикнат од омраза е неретка појава. Нашето политичко уредување се претвориво коруптивна етнократија. Се објавуваат конкурси за вработувања во администрација, за кои „јавна тајна“ е кој конкурс е за Македонците, кој за Албанците, а кој за помалубројните заедници! Тие граѓани кои припаѓаат на заедниците што не се споменуваат во Преамбулата на Уставот се дискриминирани и искучени од учеството во јавниот живот. А, да апсурдот да биде уште поголем, за реално да се спроведе принципот на соодветна и правична застапеност, не можеме ни да се преброиме, бидејќи пописот на населението пред 5 години од неразјаснати причини пропадна. Од друга страна релеватни научни институции укажуваат дека повеќе од третина од населението во последните 10 години е иселено во странство.